462
Преставници од Наставничкиот пленум денеска ќе се сретнат со евроамбасадорот Аиво Орав во 12 часот во Канцеларијата на ЕУ во Скопје, каде што ќе разговараат за сите случувања во моментот во образовниот сектор, а во кои се засегнати и тие, и учениците.
По средбата со Орав, е закажана прес конференција на Наставничкиот пленум во 15 часот во средношколскиот камп пред МОН, а се планира авроамбасадорот да ги посети и средношколците во кампот.