Настапи во стар фустан, но се избори за место во финалето на Евровизија

by fokus

Литванската претставничка Моника Лиу беше големо изненадување на првата полуфинална вечер на Евросонг.

Имено, пејачката во Торино настапила во истиот фустан во кој пеела и на националниот натпревар во Литванија. За жал, новиот фустан за настап на Евровизија бил прескап за неа.

„Размислував за друг фустан, но тој што ми се допаѓаше беше многу скап. Освен тоа сфатив дека фустанот кој го имам е едноставно многу соодветен и дека веќе стана составен дел од мојот настап“, изјавила Моника.

Сепак Лиу со својот настап избори пласман во финалето кое ќе се одржи на 14-ти мај во Торино.

 

Поврзани новости