Протести во Софија – Петков месецов ќе го укине ветото за Скопје

by fokus

Бугарски националисти вечерва излегоа на антивладин протест во центарот на Софија, барајќи оставка од премиерот Кирил Петков, јавија локалните медиуми.

Протестот е за „одбрана на националниот интерес на Бугарија во Република Северна Македонија и беше најавен како митинг-концерт организиран од партијата ВМРО.

– Ова е предупредување за протест. Имаме информации дека на 24 овој месец владата на Кирил Петков се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Доколку тоа се случи, ќе ја блокираме цела држава – рече Александар Сиди од ВМРО.

Тој категорично го осуди „јазикот на омраза“ кон Бугарија „кај нашиот западен сосед“. Според почесниот претседател на ВМРО, Красимир Каракачанов, Петков се надева дека со гласовите на ПП, ДБ и МРФ ќе падне ветото врз Скопје.

– Петков можеби е најнеуспешниот и најсмешниот премиер на Бугарија, но тој е оној кој најдобро ја користи ситуацијата. Се однесува како услужен персонал, а не како премиер на суверена држава, додаде Каракачанов.

Поврзани новости