Насловната на „Фокус“ го бранува Твитер: Апасиев вмровец или Че Гевара?

by fokus

Неделникот „Фокус“ во најновиот број објави текст, односно своевиден профил на лидерот на Левица, Апасиев кој на последните локални избори имаше најголем раст на гласовите и чија популарност расте на сметка на големите партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот се најде и на насловната страница, а таа предизвика различни реакции на социјалните мрежи. Некои ја сфатија премногу буквално, некои како комплимент за Апасиев, а некои како напад кон него. Едни од најпопуларни на Твитер беа следните твитови:

 

Инаку, во текстот за Апасиев (за оние што го прочитаа само насловот) за претседателот на Левица свои видувања и коментари дадоа неговите поранешни сопартијци, Ана Глигорова, поранешен член на Президиумот на Левица и сегашен граѓански активист, Здравко Савески со кого водеа судска битка за партијата Левица и политичкиот аналитичар, Владимир Божиновски.

Исто така беа издвоени дел од неговите контроверзни Фејсбук статуси, но и неговите кавги со собранискиот спикер, Талат Џафери кој го нарекува Че Гевара зашто Апасиев секогаш има нешто „процедурално“ во Собранието.

Целиот текст за Апасиев може да го читате во електронското издание на неделникот Фокус.

Поврзани новости