„Без СДСМ, ниту Алтернатива ќе биде на власт, ниту ДУИ“

by Fokus

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов во вечерашното гостување на „Само вистина“ говореше за политичките случувања во Македонија по локалните избори кои се одржаа на крајот на претходниот месец. Тој верува дека ќе има мнозинство.

„СДСМ е носител на владата, без СДСМ ниту Алтернатива ќе биде власт ниту ДУИ. Новиот коалиционен партнер ќе треба да се преговара и тој да добие министерско место како и неколку директорски позиции. ВМРО смета дека власта тоне во жив песок. Сметам дека превземањето на позитивни чекори како што е избор на нов премиер ќе го стопира ова тонење може тој ќе фрли јаже кое може ќе биде за спас од оваа ситуација, вели Ангелов.

Поврзани новости