997
Воден свет, или просторија со огромни аквариуми за риби и други водни животни, ќе се гради во Зоолошката градина во Скопје.
-Оддамна ни беше во план ова да го направиме. Во секоја од европските зоолошки има огромни аквариуми кои се многу посетени, а рибите и морскиот свет се важен дел од училишната едукација на секое дете.
Во моментот се изработува проект за тој објект и во координација со градоначалникот Петре Шилегов и со поддршка на градот се надеваме дека во 2020 година Скопје ќе добие морски свет, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.