Денеска е 7 април, ден на здравјето, еден од најзначајните празници и за Вас и за нас, но и за светот. Согласно актуелната пандемијата која го разбуди светот дека докторите, медицинските сестрите и целокупниот медицинскиот персонал се најважните личности на денешницата. Здравјето е најскапоценото нешто кое треба да го негуваме.
Денес здравјето е нешто за кое не треба да грешиме и импровизираме, туку во него да инвестираме и вложуваме.
Здравјето нема цена.
Водени од тоа, нашата компанија НИКОБ, лидер во услугите за брза и ефикасна безбедност одлучи да ви го престави идниот иновативен концепт за здравствени услуги кои ќе можат да ги користат сите граѓани, клиенти, но и државата кога ќе има потреба од тоа.
Имаме чест и задоволство да Ве информираме дека наскоро почнува со работа ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ ќе биде на располагање на граѓаните преку соодветни здравственји услуги во домашни услови, 24 часа достапна телефонска медицинска консултација, медицински и санитетски транспорт и медицинско обезбедување на јавни настани. Покрај медицинските услуги преку ПЗУ Никоб Лаб обезбедуваме и услуги со најсовремена дијагностичка-биохемиска лабораторија и молекуларна дијагностика со можност за услуги во самата лабораторија како и лабораториски услуги во домашни услови. На располагање на нашите клиенти ќе бидат 20 врвно обучени медицински тимови, составени од доктори, медицински сестри, опремени со најсовремени амбулантни и санитетски возила во нашата држава и преку интегриран мониторинг систем поврзани со апликација која ќе може да ја поседуваат корисниците на нашите услуги за кои обезбедуваме брза, достапна и квалитетна здравствена услуга.
Почитувани, на овој проект на кој работевме со години, и преставува дел од нашето 25 годишно богато портфолио како лидери во брза реакција, а сега во сихронизација со најсовремените медицински практики ќе преставува уникатен концепт во нашата држава. Затоа ние со веќе докажан интегритет го пласираме во услови кога се соочуваме со најразорната пандемија која човештвото ја памети во поновата историја и е со искрена намера да им помогнеме на граѓаните и на здравствениот систем воопшто. Ние сме одлучни во овој предизвик. Одлучивме да инвестираме во здравствени политики и во медицински персонал, свесни дека овој кадар е во заминување и одлучивме да инвестираме во најтешката економска криза за да покажеме дека здравјето на граѓаните нема цена.
Затоа НИКОБ МЕДИКАЛ е 100% приватна инвестиција и ќе ги понуди најфлексибилните, најдостапните и најприфатливите цени на пазарот за услуги за кои бенефит ќе имаат граѓаните и идните клиенти, а ќе бидеме и додадена вредност на здравствениот систем во нашата држава.
ДОАЃА ВИСТИНСКИ ОДГОВОР ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ.
Среќен 7 април, светски ден на здравјето.
ПР