Шилегов: Од Градот нема согласност каква било тешка индустрија да се развие во рамки на Железара

by Fokus 12:50
12:50

Деталните урбанистички планови што вчера беа предмет на јавна расправа во Општина Гази Баба се уште не се доставени на мислење до Град Скопје. Ние сме со став дека во нашиот град воопшто не е веќе потребна тешка индустрија, за жал во некои други времиња било одлучено дека Железара треба да биде во срцето на градот. Градот нема согласност каква било тешка индустрија да се развие понатаму во рамките на комплексот на Железара. Но, ќе го дадеме нашето стручно мислење, комисијата на Градот во моментот кога до нас ќе бидат доставени ДУП-овите. По редот на нешатата тоа доаѓа по јавната расправа, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Поврзани новости