Наскоро пингвини во Скопје

by fokus 13:20
13:20

Сепак ќе се оствари планот на скопската Зоолошка градина да донесе пингвини. Директорот Ѓорѓи Галетовски вели за „Фокус“ дека ќе се реализира најавената атракција која треба да ја збогати колекцијата на животни и да им понуди на посетителите нешто ново.

Скопјани долго време ги очекуваат пингвините, но лани изградбата на живеалиштето одеднаш беше стопирана. Галетовски вели дека се надминати небулозните причини поради кои живеалиштето не биле изградено на време.

- Advertisements -

-Живеалиштето е стопирано на половина од градбата. Причините се банални и не смееме да дозволиме она што го очекуваат децата и што им е ветено, да не го видат. Сепак, целта ни е европска зоолошка. Во соработка со градоначалникот и некои поголеми компании ќе направиме напори живеалиштето да биде готово и на пролет децата да се радуваат на пингвините – вели Галетовски.

 

Поврзани новости