62
Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев изјави дека „наскоро ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје“.
„Секогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но во согласност со принципите на добрососедство и пред се’ Копенхашките критериуми за членство. А тоа би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари“ – вели Радев.
Тој напомена дека во изборната кампања се разгорел говорот на омраза кој треба да запре, а потенцираше дека и натаму е неопходна ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство.