Наскоро ќе биде познат датумот за почеток на преговорите за членство со Македонија

by fokus

Германскиот амбасадор во Србија, Томас Шиб денеска изрази надеж дека наскоро ќе биде познат датумот на почеток на преговарачкиот процес за членство меѓу ЕУ и Македонија.

– Заради интензивното усогласување, помеѓу останатато и во Германија, донесувањето одлука за датумот за почеток на преговорите е пролонгиран до октомври. Германија го поздравува големото државничко постигнување на Северна Македонија и Грција, кои по толку време успеаја да постигнат договор и да го решат прашањето за името на Северна Македонија и затоа се надеваме дека земјата многу брзо ќе ги започне преговорите, изјави Шиб.

Германскиот амбасадор, како што јави дописникот на МИА од Белград, изјави дека ставот на Берлин е дека приемот на нови членки и реформите во ЕУ се два одвоени процеси што треба да се одвиваат паралелно.

– Внатрешните реформи во ЕУ ќе се случуваат се додека таа постои, со цел таа да се подобри и да се адаптира на новите услови. Тоа е е постојан процес, кој не го спречува приемот на нови членки, под услов земјите кандидати да ги исполнат сите услови. Србија спроведува тешки реформи што ќе потраат, а ЕУ спроведува свои реформи и во еден момент Србија ќе и пристапи кон ЕУ. Тоа се процеси кои се одвиваат истовремено, а не еден по друг, истакна германскиот амбасадор.

Поврзани новости