За време на протестите против расизмот беа забележани голем број немири ширум САД .
Автомобил синоќа влета во толпата која протестираше во Денвер, Колорадо, по што демонстрант пукал со огнено оружје и застрела едно лице, кое со тешки повреди е пренесено во болница.
Демонстрантите кршеа прозорци од судските згради, и предизвикаа пожар во полициска станица.
Пукотници се слушаа и во Остин, Тексас, а дел од медиумите јавуваат дека едно повредено лице, најверојатно починало.
На видеоснимка објавена на Фејсбук, се слушаат неколку истрели кои биле испукани во воздухот од голема група вооружени демонстранти.
Илјадници луѓе демонстрираа и во Сиетл, главниот град на државата Вашингтон, во северозападниот дел на САД. Полицијата соопшти дека користела солзавец и несмртоносно оружје за привремено да ги неутрализира демонстрантите, а 25 лица се уапсени.
Во Луисвил, во државата Кентаки, голема група тешко вооружени Афроамериканци протестираа на градските улици барајќи правда за Бренон Тејлор (26), Афроамериканка која беше убиена кога полицијата насилно упадна во нејзиниот стан минатиот март. Тројца полицајци беа отпуштени од работа за ова убиство, но досега никој не е обвинет за смртта на младата медицинска сестра.
На демонстрациите во Портланд, Орегон, во илјадници луѓе се собраа и протестираа низ градските улици, а едно лице е прободено со нож. На протестите се придружија и воените ветерани, здруженија на мајки, ветеринари и други организирани групи.
Вршителот на должноста државен секретар за национална безбедност, Џад Волф, изјави дека шестмина припадници на безбедносните сили се повредени и апелираше до градските власти ширум Америка да „дејствуваат одговорно и да ги санкционираат криминалците кои се насилни кон полицијата и уништувањето на имотите на други луѓе.“