Уште еден случај на вирусот во Кавадарци, денес регистрирани дури пет позитивни пациенти

by Fokus
Маж на возраст од 64 години е новиот регистриран случај на Ковид-19 во Кавадарци денес, откако утринава од Центар за јавно здравје информираа за четири нови случаи.
Со тоа денешниот број на новоинфицирани во Кавадарци се зголеми на пет лица.
-По четирите позитивни резултати од утринава, сега добивме резултат уште за едно позитивно лице. Се работи за пензионер, со благи симптоми, се утврдуваат контактите на сите новозаболени – велат од центарот.
Денешниот број на позитивни пациенти во Кавадарци е досега најголем. Во минатото се случи да се регистрираат најмногу четири лица во еден ден. Од новите случаи, пензионерот и 23-годишна девојка не знаат од каде се инфицирале, додека три лица на возраст од 26, 45 и 55 години биле во контакт со веќе позитивен пациент.
Вики Клинчарова

Поврзани новости