652
Продолжен е притворот на двајцата насилници на возраст од 23 и 26 години, кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон којашто снимка беше објавена минатата недела.
Портпаролката на Основен суд Штип, Катерина Миленкова-Трајчева изјави дека на двајцата им е продолжена мерката притвор од 30 дена. Предметот е веќе распределен кај судија, кој во најбрз рок ќе го закаже и судското рочиште.
Двајцата насилници се обвинети за сторено кривично дело насилство, а казната за вакви дела се движи од шест месеци до пет години затвор.