Бектеши: Не е вистина дека угостителите не ги користат мерките

by Fokus

Министерот за економија, Kрешник Бектеши денеска изјави дека не се вистинити информациите што вчера ги изнесе Туристичко угостителската комора на Македонија дека правните субјекти од угостителските дејности нема да ги користат мерките за поддршка, бидејќи поради големиот интерес фондот за средства преку Банката за развој бил дополнет со 8 милиони евра.

Владата, потенцира, уште на почетокот на кризата укажа и имаше целосно разбирање за секторите туризам, угостителство и транспорт и од овие причини првите мерки кои се донесоа ги опфатиja токму овие сектори со овозможување да искористат бескаматни кредити, како и субвенционирани придонеси.

Поврзани новости