515
Пред два дена скопјанец бил уапсен од полицијата, откако претходно ја нападнал својата поранешна сопруга во семејниот дом.
„На 04.08.2022, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода В.Д.(42) од Скопје затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата поранешна 39-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, на 05.08.2022, Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во консултација со Јавен обвинител, против В.Д. поднесе кривична пријава по итна постапка, а од судија за претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор“, велат од МВР.