2K
Нашиот нов дом, напиша првиот вицепремиер Артан Груби на албански, македонски и англиски јазик и на својот Фејсбук профил објави фотографии од зградата во којашто ќе биде сместено новото Министерство за политички систем кое го води тој.
Денеска беше промовирана новата зграда која Владата за десет милиони евра ја откупи од Агенцијата за станбен и деловен простор, а во која ќе бидат сместени и други институции.
Во оваа зграда требаше да биде сместена Комисијата за спречување на корупцијата, но премиерот кој беше прв гостин во новите простории на Министерството, рече дека за Антикорупциска издвоиле пари за реновирање на постојните простории.