„Јули оваа година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години“, изјавија врвните научници на НАСА на прес конференција, предупредувајќи дека топлината само ќе се влошува.
„Гледаме невидени промени ширум светот. Топлотните бранови што ги гледаме во САД, Европа, Кина и уриваат температурни рекорди. Не е изненадување“, рече Гевин Шмит, директор на Годард Институтот за вселенски студии на НАСА.
Јуни 2023 година веќе беше најтоплиот јуни досега, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец во целина. „Од науката знаеме дека човековата активност, првенствено емисиите на стакленички гасови, недвосмислено го предизвикува затоплувањето што го гледаме на нашата планета“, рече Кејт Калвин, главен научник и виш советник за климата во НАСА.
Има 50-50 шанси 2023 година да биде најтоплата година досега, но таа ќе биде надмината до 2024 година.
Научниците на НАСА појаснија дека податоците собрани и анализирани од Институтот Годард веќе укажуваат на тоа.
„Има децениско зголемување на температурите во последните четири децении“, рече Шмит.