Народниот правобранител Иџет Мемети испрати писмо до Министерството за образование во кое бара сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и средношколците, да се вклучат во планирањето на целосни и сеопфатни новини, кои ќе бидат прифатливи за сите.
-Промените не треба да се донесуваат на брз начин, без консултирање на пошироката јавност, напротив, транспарентно, преку јавна дебата, вклучувајќи ги сите инволвирани страни меѓу кои и младите, со цел планирање на целосни и сеопфатни новини, замено прифатливи, од кои ќе имаат придобивки сите подеднакво, учениците, наставниците и општеството во целина, вели Мемети.
Тој смета дека за квалитетни и издржани промени во која било сфера, а особено во сферата на образованието потребна е сеопфатна анализа на состојбите