Граѓани од Скопје и од други градови на Македонија пристигнуваат пред републичкото собрание, каде треба да се оддржи народниот собир во организација на ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција „За подобра Македонија“, на кој, според најавите, ќе се обратат неколку говорници од различни сегменти од општествениот живот пред лидерот Никола Груевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не сакаат да калкулираат со бројката на луѓе што ќе го поддржат овој митинг, но велат дека во секој случај таа ќе биде многу повисока од онаа на вчерашниот граѓански собир во организација главно на опозицискиот СДСМ.
Од таму уверуваат дека ќе направат се за да не дојде до судир со групата што остана пред владината зграда на Илинденска, која ќе кампува се додека актуелната влада не се повлече и не се формира на преодна влада.