Народен правобранител: Имаше масовно прекршување на човековите права и слободи

by Фокус

Народниот правобранител Иџет Мемети на сопствена иницијатива отворил постапка за случајот со прислушување во Македонија. Тој денеска при презентацијата на годишниот извештај за 2014 година, изјави дека  не постои здрав разум кој нема да се согласи дека  во државата имаше масовно прекршување на човековите права и слободи, но и на правото на приватност.

Мемети констатираше дека не само што нема напредок во почитувањето на човековите права, туку во некои области има уназадување. Една од тие области се изборите. Во извештајот стои дека отсуствува координација и соработка на органите за спроведување на изборите, а ДИК не успеала навреме и квалитетно да ги ажурира податоците на избирачкиот список.

-Загрижува појавата на неусогласеност на податоците во Општиот и посебните избирачки списоци, како и поплаките на граѓаните дека не можеле да го остварат правото на глас во двата изборни круга, рече Мемети.

 

Поврзани новости