354
Дваесет и седумгодишен прилепчанец нападнал полицајци додека му правеле алкотест, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 22.40 часот во Полициската станица Прилеп, додека двајца полициски службеници вршеле алкотест на лицето Д.С. (27) од Прилеп, поради претходно случена сообраќајна незгода, Д.С. почнал да им се заканува и да им упатува навредливи зборови. Тој бил предупреден да престане, но продолжил со заканите и навредите. Во еден момент се обидел да го удри едниот полициски службеник, по што почнал да го влече и турка. Набргу потоа, Д.С. бил совладан и бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка.