Најџел Пламер: Пробиотиците го намалуваат ризикот од алергии

by Fokus

Придобивките од користењето на пробиотици уште од денот на раѓање, и научно, преку специјална студија спроведена на Универзитетот за медицина во Свонси е докажано. Станува збор за обемна студијата во која биле вклучени 450 новороденчиња. При тоа, било докажано дека на сите бебиња треба да им бидат давани пробиотици во првите шест месеци од животот, со цел да се спречи појава на можни алергии.

За професионалните искуства и резултатите од студијата, зборува д-р Најџел Пламер, сопственик и управител на компанијата ProVen, светски познат експерт во областа на пробиотиците.

– На бебињата, вклучени во ова истражување, им беа дадени ProVen пробиотици во првите 6 месеци од нивниот живот, а исходот беше мерен на две годишна возраст. Она што беше откриено беше дека давањето на пробиотици дневна основа во првите 6 месеци може да го намали ризикот од алергиска сензибилизација и атопична егзема кај новороденчињата за 50 проценти, појаснува д-р Пламер.

Најчесто предиспозицијата на алергии е наследна. За да некоја од тие алергиски болести се манифестира кај овие лица, потребен е одреден период на развој на хиперсензитивност на некој надворешен фактор. Следот  на ваквите случувања се нарекува сензибилизација и се карактеризира со формирање на антитела во телото на алергичното лице, кои се насочени против надворешниот фактор (алергени).

– Пробиотиците се многу безбеден начин за изложување на новороденчето на микрофлората. На тој начин се спречуваат алергиите со тоа што микрофлората го насочува и контролира имунолошкиот систем, потенцира д-р Пламер.

Она што многу луѓе не сфаќаат, алармира д-р Пламер, е дека алергијата е всушност дефект на имунолошкиот систем и лицето, без разлика дали е на возраст од 20 години или пет години, всушност станува чувствително на алергии во првите две години од животот, а особено во првите 6 месеци.

– Иако можеби алергијата не се манифестира, да речеме до шестта година кај детето,  како што е случај со астмата, алергиската сензибилизација, што е всушност основа на ова, може да се случи во првите 6 месеци од животот, констатира д-р Пламер.

 

Поврзани новости