Напаѓачот на Зијадин Села на крвавиот четврток нападнат во Шутка

by Fokus

При излегување од посета и разминување во ходникот, Албанец притвореник, чиј идентитет од затворот не го откриваат, го удрил во глава Кире Георгиевски, напаѓачот на претседателот на Алијансата на Албанците за време на „крвавиот четврток“ кога толпа граѓани насилно влегоа во Собранието, потврдија за А1он од Управата за извршување санкции при министерството за правда.

Директорот на затворот Скопје, Александар Ѓеорѓиевски за А1он вели дека нападнатиот е однесен на Клиничкиот центар и случајот е пријавен во полиција и јавното обвинителство.

Поврзани новости