357
Маж на електричен велосипед кој пукал со пиштол кон двајца мажи во квартот Киркдејл во Ливерпул. Полицијата добила пријава за инцидентот вчера во 16 часот и 40 минути.
Според последните информации нема повредени, а напаѓачот избегал.
-Истрагата е во многу рана фаза, сакаме да утврдиме што точно се случило. Иако никој не е повреден, пукањето од огнено оружје е крајно несовесно и опасно, изјавил инспекторот Хамиш Роклиф, пренесува „Скај њуз“.