Нова серија земјотреси во Турција

by fokus

Од вчера до утринава се случија серија земјотреси во Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотрес со јачина од 4,2 степени вчера ја погоди јужна Турција на 37 километри од градот Османије. Неколку минути подоцна, во земјата е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,4 степени, но овој пат на 39 километри од Малатија.

Земјотрес со јачина од 4,7 степени утринава околу 4 часот и 30 минути повторно ја потресе Турција. Беше на длабочина од 2 км. Земјотресот бил на 41 километар од Малатија.

Поврзани новости