Вицепремиерот Артан Груби попладнево се огласи во врска со запаленото возило за кое првичната информација беше дека тој го користи. Од објавата на Груби на Фејсбук може да се заклучи дека нападот со палењето на автомобилот бил насочен кон него, но дека запалениот автомобил бил во сопственост на негов пријател.
-Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија. Во политиката сум за да служам и да оставам трага со работа и дела, а не да ми се тероризира семејството, соседите и пријателите, напиша Груби.
Тој додаде дека континуираните закани и последователни напади ги смета за кукавички и подмолни, но нема намера да запре и да престане да работи.
-Се извинувам што моето и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите. Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад. Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка!, напиша Груби.