678
Непознати сторители ги нападнале демонстрантите од Шарената револуција кои денеска симболично ја преставија револуцијата со еден транспарент на скопскиот тркачки маратон. Нивната парола „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор“ некому предизвикала револт и нервоза па физички се пресметал со демонстрантите. Еден од нив е повреден и до крајот на денот од движењето „Протестирам“ се очекува да излезат со повеќе информации и фотографии за настанот.
Случајот е пријавен во полиција, а отворена е потрага по непознат сторител.