„Левица“ преку Фејсбук информираше дека вчера била нападната нивна активистка:
„Синоќа по протестот, околу 1:30 часот по полноќ, додека се враќала кон својот дом, била нападната наша другарка – членка на нашиот Централен комитет. Пресретната е во темна уличка од две машки лица кои носеле маскирни капи. Лицата ѝ пришле, викајќи ѝ: „Ќе видите вие дали нема правда!“ – по што ја удриле неколку пати, нанесувајќи ѝ лесни телесни повреди.
Tоа е вистинското лице на овој монструозен режим!
Групи маскирани насилници напаѓаат лица кои се борат за правда, користејќи го уставно гарантираното право на протест!
Затоа режимот мора да падне! Затоа мора да истраеме во борбата! За да не се плашиме веќе кога ќе се враќаме кон своите домови!“ напишаа „Левица“ на својата фб страна