88
Во средно училиште во Виена се случил инцидент по часовите, кога ученик (13) со ножици избодел другар (12).
Двајцата го напуштале училиштето по часовите кога 13-годишникот го нападнал својот другар.
Според австриските медиуми, инцидентот се случил во петокот околу 13 часот, во образовна институција во Пеларнштрасе и при нападот 13-годишникот користел тапи ножици.
На крвавиот настан му претходела жестока расправија меѓу другарите, која ескалирала кога тие излегувале од училишната зграда.
Се уште не е познат мотивот за нападот.
На повреденото момче веднаш му била укажана соодветна лекарска помош и е пренесено во болница.