50
Две лица загинаа, а 10 се ранети, во напад со нож во основно училиште во Кина, соопшти тамошната полиција.
Би-би-си наведува дека засега не е познато дали меѓу жртвите има и деца.
Нападот се случил околу пладне по локално време во градот Гуиси.
Полицијата соопшти дека нападот го извршила 45-годишна жена.
– Таа е ставена под контрола – соопштија од полицијата.
Британскиот медиумски сервис наведува дека не е познато зошто цел на нападот било основно училиште во кое учат деца на возраст од 6 до 12 години во Кина.