Напад на избирачко место во Ирак, тројца загинати

by fokus

Три лица загинаа во бомбашки напад  на избирачко место во сунитскиот регион, јужно од Киркук во Ирак. Одговорност за нападот презема Исламска држава.

Извори велат дека две жртви биле гласачи, а третата набљудувач, пренесе Ројтерс.

Безбедносните извори велат дека нападот е поврзан со денешните парламентарни избори.

Екстремистите пред изборите кои се први од поразот на ИД во Ирак се закануваа со напади неколку дена претходно.

Поврзани новости