144
Едно лице загина, а друго е рането по напад на минувачи во центарот на Париз, во близина на Ајфеловата кула, изјави министерот за полиција Џералд Дарманен на платформата Икс (Твитер).
“Полицијата го уапси напаѓачот кој нападна минувачи во Париз, во близина на Кеј де Гренел. Едно лице загина, а друго е рането и веднаш и помогнаа припадниците на противпожарната бригада. Ве молиме избегнувајте ја областа”, изјави министерот.
Ројтерс, повикувајќи се на агенцијата Франс прес, наведува дека осомничениот извикал „Алах е голем“, но дека засега не може да ја потврди оваа информација.
Француската канцеларија за борба против тероризмот соопшти дека се уште не покренала истрага.