474
Владата денеска се задолжи за четири и пол милиони евра кај домашните кредитори, иако првично беше планирано да бидат позајмени 2,2 милиони евра. Задолжувањето се реализираше преку аукција на државни хартии од вредност.
2,6 милиони евра беа позајмени преку емитување едногодишни државни записи, додека преку издавање десетгодишни и петнаесетгодишни обврзници беа позајмени уште 1,9 милиони евра.
За во август се планирани уште две задолжувања кај домашните кредитори. Заклучно со вториот квартал годинава, јавниот долг на Македонија достигна 43,7 отсто од БДП или речиси 4 милијарди евра.