Бален: За откривање незаконско прислушување се добива медал, а не закани за затворска казна

by Фокус

Делегација предводена од Јоханес Корнелис ван Бален, европратеник и почесен Претседател на Либералната интернационала во Лондон денеска се сретна со претседателот на СДСМ, Зоран Заев. На средбата било разговарано за политичката криза во земјава и за процесот со кој таа почна да се надминува.

Ван Бален изјави дека на изборите во април, граѓаните ќе изберат во каква држава сакаат да живеат, држава со добро владеење, добро образование, со независни институции, една чиста држава која работи за своите граѓани.

-Тоа значи да има институции кои се независни. Така на пример ако се открие незаконско прислушување, нормално би добиле медал за тоа, а не закана да се оди во затвор, рече европратеникот.

Зоран Заев порача дека иднината на Република Македонија е во градењето вистинско граѓанско демократско општество и заеднички, со граѓаните, ќе изграделе такво општество по изборите во април.

Поврзани новости