Наместо на судење еден од обвинетите во „Топлик“ утринава заврши на Ургентен

by fokus

Поради неприсуство на обвинетиот Димитар Димовски денеска во Кривичниот суд се одложи судењето за случајот „Топлик“, во кој првообвинет е екс министерот, Миле Јанакиески.

Адвокатот на Димовски, Тони Менкиновски, истакна дека неговиот клиент утринава во шест часот лично го однел во Ургениот центар „8ми Септември“ поради здравствени проблеми, односно, како што рече, тешко дишел.

Судијата Осман Шабани реагираше дека од документацијата што му беше приложена се гледа дека обвинетиот е пуштен дома, односно не е задржан на лекување, но адвокатот возврати дека му било дадено боледување и дека денеска немало можност да пристигне на судењето.

Судијата Шабани го одложи денешното рочиште, а следното го закажа за 30-ти март.

В.В.

 

Поврзани новости