Фатени тројца Албанци со 40 килограми марихуана, сакале пеш да ја минат Меџитлија

by fokus

Тројца албански државјани на возраст од 25 и 27 години се приведени во близина на граничниот премин Меџитлија откако кај нив биле најдени две торби со околу 40 килограми марихуана. Според полицијата тие се откриени во непосредна близина на границата со Република Грција во околината на селото Лажец, во обид пеш да ја минат државната граница.

„По добиени оперативни сознанија и претходно подготвен план, вчера (07.03.) во координирана и заедничка акција на Секторот за внатрешни работи Битола и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, спречен е обид на шверц на опојна дрога марихуана. Во акцијата се откриени и одземени 36 пакувања марихуана со тежина од околу 40 килограми, сместени во две поголеми торби кај лицата Ш.Е. (27), И.Т. (25) и Ѓ.П. (27)- сите државјани на Република Албанија. За настанот е запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Поврзани новости