509
Иако се најавуваше и меѓународната заедница бараше лидерска средба, во тек е средба на претставници на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино. На средбата присуствуваат и амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.
Неофицијално, на средбата се Радмила Шекеринска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Нема информации каде се одржува состанокот.
Целта на оваа средба е организирање на нова средба, но овојпат помеѓу лидерите на партиите кои го потпиштаа Пржинскиот договор.