На вчерашната прослава по повод 30 години независност дефилето започна со претставување на фолклорот на поголемите етнички заедници кои живеат во Македонија. Дефилето го предводеше Националната установа Танец, а потоа следно беше Културното-уметничкото друштво Бајрам Шабани од Куманово кое го претставуваше албанскиот фолклор.
Но, Македонија има државен национален ансамбл кој го негува албанскиот фолклор: Национална установа Ансамбл за албански народни ора и песни. Па затоа беше чудно што по „Танец“ не се појави државниот ансамбл.
Од Владата велат дека Ансамблот за албански народни ора и песни бил поканет да биде дел од дефилето за 8 Септември, но веќе има испланирани активности за тој датум.
-НУ Ансамбл за албански народни ора и песни како државен ансамбл беше поканет да учествува во дефилето, но ансамблот е на турнеја во странство која е дел од нивната годишна програма и истата е планирана со месеци однапред, велат од Владата.
К.С.Б.