393
Македонската ракометна репрезантација полошо од очекувањата го започна натпреварот со Грција. Иако Македонија е неколку класи над соседот, на полувреме резултатот е само еден разлика во наша корист, 12-13.
Овој натпревар се игра во Кожани и е под силни безбедносни мерки. Грчката ракометна федерација на трибините дозволи само службени лица и лица со покани.
По барање на Грците, македонската репрезентација го отстрани името „Македонија“ од тренерките.