Владата на Македонија одлучи да ја зголеми финансиската поддршка за кандидатите за обука за офицери и пилоти од 4.000 на 25 илјади денари месечна плата.
Со одлука на @VladaMK, сите кандидати за обука за офицери ќе добиваат просечна месечна плата и во текот на обуката. Ако досега изнесуваше 4.000, отсега ќе изнесува 25.000 денари и ќе важи за кандидатите кои од 01.09. ќе ја почнат обуката како и за кандидатите за обука на пилоти. pic.twitter.com/BTJY4FdGLk
— MOD North Macedonia (@Defence_MKD) July 24, 2019
„Со одлука на Владата на Македонија, сите кандидати за обука за офицери ќе добиваат просечна месечна плата и во текот на обуката. Ако досега изнесуваше 4.000, отсега ќе изнесува 25.000 денари и ќе важи за кандидатите кои од 01.09. ќе ја почнат обуката како и за кандидатите за обука на пилоти“, соопштија од Министерството за одбрана.