-Во периодот од 08,00 часот на 22.09.2015 до 23.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.983 странски државјани, од кои, 1.241 се од машки пол, 324 се од женски, 304 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 114 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.142, Авганистан –392, Ирак-342, додека другите се во помал број.
Ова последно известување на МВР покажува дека бројот на мигрантите полека се намалува, но се уште се бројат во илјадници. Ако се земе предвид дека последните недели бројката секојдневно беше над три илјади, тогаш последното деноноќие со помалку од две илајди мигранти може да се смета како намалување на интензитетот.
Сепак, иако бројката бележи пад сепак бегалската криза не е при крај. Есенва се очекува исто така секојдневно од Грција преку Македонија да транзитираат десетици илјади бегалци од завојуваните подрачја. МВР извести дека во периодот од 19.06.2015 до 23.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 92.758 странски државјани, од кои, 61.732 се од машки пол, 12.608 се од женски, 15.460 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.958 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.