747
Од ден на ден се повеќе се намалува бројот на лица кое се наоѓаат во домашна самоизолација во Велес, Неготино и Кавадарци.
Според последните информации од СВР Велес, до вчерашниот ден во Велес во самоизолација се наоѓаат 18 лица. Во Неготино бројот е намален на седум, а пак во Кавадарци на 12 лица.
За споредба, на 30-ти март според СВР Велес, во самоизолација во Велес беа сместени 122 лица, во Неготино 104 лица, а пак во Кавадарци 127 лица. Намален е и бројот на лица кои го прекршиле полицискиот час, односно во тек на вчерашниот ден само едно лице во Велес го прекршило полицискиот час, додека во Неготино и Кавадарци не се евидентирани прекршоци.
В.К.