Студентите имаат четири дена да ги подигнат личните работи од студентските домови

by Fokus

Почнувајќи од денес, студентите ќе имаат четири дена да ги посетат студентските домови со цел да ги подигнат своите лични работи. Ова денеска го информираше директорот на Државниот студентски дом – Скопје, Дарио Николовски.

Поради мерките за ограничено движење, посетите ќе се одвиваат во вторник од 12 до 16 часот, а од среда до петок во период од 9 часот изутрина до 13 часот.

„Оваа одлука се носи поради бројните барања на студентите и нивните потреби. Напоменуваме дека при посетата на домовите потребно е да се почитуваат препораките односно да се носат маска и ракавици додека при посетата на домовите студентите ќе бидат пуштани во ограничен број, по двајца, по што ќе следува целосна дезинфекција на објектите“ соопшти Николовски.

Поврзани новости