Налето ќе заврши двегодишната Ковид голгота?

by fokus

Во екот на новиот пик на пандемијата, Владата донесе одлука да го одложи почетокот на второто полугодие од училишната година. Учениците, наставниците и родителите до последен момент не знаеја дали и на кој начин ќе почне полугодието. Владата ја донесе одлуката на 17-ти јануари, во понеделникот во 22 часот.

Според неа, учениците ќе се вратат во училишните клупи на први февруари со физичко присуство.

Но, како ова ќе влијае на пандемијата со оглед дека бројот на заразени е во пораст и имајќи предвид како (не)функционираа протоколите  во училиштата во текот на првото полугодие? А, тогаш имаше речиси 10 пати помал број на новозаразени на дневно ниво.

Доктор Драган Даниловски смета дека оваа одлука која ја донесе Владата е единствената одлука што можеше да се донесе, а влијание има и стручната јавност.

ДО ПОЧЕТОКОТ НА МАРТ ЌЕ СТИВНЕ ЕПИДЕМИСКОТО ШИРЕЊЕ

Што се однесува до тоа што ќе промени одложувањето од 10 дена врз бројот на заразени, Данаиловски вели дека интензитетот на ширењето на вирусот делумно ќе биде намален.

Но, велиме, статистички незначајно. Зошто? Зарем може да очекуваме родителите да ги држат децата затворени дома? А вирусот е молскавично брз! Тој ефикасно ќе го компензира блокираниот пат на ширење во училиштата. Оттаму, тоа е само палијативна мерка, вели Даниловски.

Но, тој додава дека има и една добра вест, а тоа е дека ширењето веќе забавува, а врвот ќе го достигнеме таман кога ќе почне второто полугодие.

Потоа, ќе следи опаѓање. Нема да биде без мака, но ќе мора да се издржи! До крајот на февруари – почетокот на март би требало да стивне епидемиското ширење. Ќе имаме ендемично постоење на вирусот. Епидемиската крива ниту ќе расте, ниту ќе опаѓа. И така сѐ до крајот на пролетта. За потоа, конечно, да заврши двегодишната голгота, смета доктор Даниловски.

Тој има и предлог кога ќе почне второто полугодие да се уважат барањата и на двете групи на родители: едната која е за настава на далечина („онлајн“) и другата за настава во живо.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Пишува: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА

 

 

Поврзани новости