Наќевски: Османи, Бејта и Незири се штитат во „Монструм“

by fokus

Денешното одложување на рочиштето за случајот „Монструм“, поради неприсуство на двајца сведоци, предизвика револт кај родителите на убиените момчиња кај Смиљковското Езеро.

Коментираа дека случајот постојано се одолговлекува.

Горан Наќевски, татко на убиениот Александар, истакна дека додека ДУИ е на власт случајот нема да се реши и ќе се одложува со години.

– Дајте ни го класерот со државна тајна. Ние веќе и ги знаеме функционерите на ДУИ, Сафет Незири, Бујар Османи, Невзат Бејта, Беким Незири, рече Наќевски.

Родителите на убиените момчиња уште од почетокот тврдат дека пет телефонски броеви, кои биле прислушувани со пим мерки, биле класифицирани како државна тајна, и бараат од судот да бидат декласифицирани. Токму за овие броеви тврдат дека биле на функционери од ДУИ.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Поврзани новости