„Најжена на 21. век“ е Македонка

by fokus

Генерална менаџерка од Македонија е добитник на наградата „Најжена на 21.век“ на манифестација одржана во Белград, Србија. Добитничка на наградата е Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенцијата „Марили“.

Трипуноска ја доби оваа престижна меѓународна награда за својот долгогодишен ангажман и постигнати резултати на полето на маркетингот и продукцијата во Република Македонија.

– Огромно задоволство е да се добие награда за проектите што ги работите посветено речиси четврт век, да бидете вреднувани и респектирани надвор од границите на сопствената земја, што ве прави свесни дека континуитетот и долготрајноста направиле промена во општеството во однос на квалитетот во дејноста во која работите. Особено ми е драго што големата поддршка што ја дава „Марили“ за афирмација на жената во бизнисот, на ваков начин е препознаена, призната и верификувана и пошироко во регионот, вели Трипуноска.

Поврзани новости