Во вестите на Сител, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека најверојатно трета доза вакцина ќе биде потребна за сите граѓани .
– Очекуваме да излезат клиничките студии кои што ги прави компанијата Фајзер. Според укажувањата и најавите таа трета доза многу веројатно ќе биде потребна за сите граѓани, но се уште е рано, чекаме да излезат официјалните студии и потоа да излеземе со соодветна препорака. Имаме голема разлика кај различни возрасни категории. Вкупниот број на вакцинација е 37 проценти на целокупното население, најмалку со една доза 45-6 проценти од граѓаните и околу 55-6 проценти кај граѓаните над 40 години. Како расте возрасната група на граѓани така се зголемува опфатот со вакцинација на пример близу 70 проценти од граѓаните над 70 години се вакцинирани.