Во текот на ноќта и утрово времето беше облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утрово најладно беше на Попова Шапка каде е измерена температура од – 10 степни Целзиусови, а најтопло во Гевгелија со 4 степени.
Во текот на денов ќе биде променливо облачно и студено, а во планинските региони претежно на север на места со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени Целзиусови.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд, три литри на квадартен метар наврна во Демир Капија, по два во Штип, Струмица и Крушево, а еден во Крива Паланка. Најголема снежна покривка од 80 сантиметри има во Попова Шапка, 17 во Маврови Анови, осум во Крушево, пет во Берово и четири Ѓуриште.