384
При сообраќајни контроли на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 139 мерки, меѓу кои осум за возење повеќе од дозволената брзина, 13 за возење без возачка дозвола, а девет за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Како што информира МВР, изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет за возење под дејство на алкохол и една за недавање првенство на минување на пешаци…
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.